Портпарол на австралиската Амбасада во Хониара потврди дека земјотресот бил почувствуван во престолнината, но оти нема предизвикани материјални штети.
Инаку, според јапонската телевизија, околу 60 објекти се урнати во градот Гизо, престолнината на Западната провинција што се наоѓа на мала оддалеченост од самиот епицентар на земјотесот.
Очевидци изјавуваат дека бранот цунами во Гизо достигнал височина од три метри, но населените било навремено предупредено и засолнето на повисоките места во градот. Бродови биле исфрлени на брегот, а меѓу две и три илјади жители останале брз покрив над главата. Полицаец од локалната станица за странските агенции изјавил дека во потресот загинале осум лица.
Според некои информации, тешко настрдал и градот Мунда во Западната провинција, но поради отежнати комуникации нема потврда на таквите информации.
Жители на островот Симбо соопштиле дека океанот навлегол до 200 метри на копното, додека има и информации за разрушени населби и исчезнати лица и на островот Моно.
Соломонските острови го сочинуваат околу илјада острови, населени со околу 450 илјади жители. Архипелагот се наоѓа меѓу Папуа Нова Гвинеја и Австралија, поблиску до Континентот. Гизо е популарна нуркачка дестинација, но е најпознат по тоа што локалното население во 1943 година го спасило поранешниот американски претседател Џон Кенеди, откако бродот на кој тој служел бил торпедиран од јапонската воена морнарица.