Осум охридски икони ќе патуваат во Лондон на големата изложба насловена како “Византија 330-1453” која ќе се одржи од 25 октомври оваа година до 22 март 2009 г., информираше Министерството за култура.

Во Кралската Академија на уметностите во Лондон ќе бидат изложени иконите : Архангел Гаврил од Благовештението (12 век), Богородица од Благовештението (12 век), Крштевање Христово (14 век), Слегување во Ад (14 век), Неверство Томино (14 век), Литиската икона со Богородица Душеспасителка (аверс) и Распетие Христово (реверс) (14 век), Исус Христос Пантократор (14 век), Богородица Психосострија (14 век).

Овие вредни дела се чуваат во Галеријата на икони во Охрид.  Иконите кои ќе бидат претставени на големата иложба во Лондон ќе бидат осигурани и соодветно заштитени, информираат од Министертсвото за култура.

ohridnews