Во рудникот Соко во близина на Сокобања се случи експлозија на метан од која се урна дел од јамата, а рударите останаа заробени. Според првите информации загинати се осум лица, а над 20 рудари се повредени, јави дописникот на МИА од Белград.

Несреќата е многу голема, осум лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени, изјави за РТС директор на Здравствениот дом во Алексинац, Родољуб Живадиновиќ, .

Тој кажа дека некои повредени рудари веќе се префрлени во општата болница во Алексинац, а повеќе од 20 од нив се полесно повредени. Досега дури 65 рудари се извлечени од рудникот Соко .

Според неофицијални информации, окното во рудникот се урнало, а камениот материјал паднал и затрупал голем број рудари, од кои некои останале заробени од другата страна.

Од Брзата помош во Алексинац изјавија дека на терен се сите редовни и вонредни екипи.

Според информациите од полицијата во Зајечар, бројни полициски екипи се на терен, а истрагата е во тек, соопштија српските медиуми.

Експлозијата се случила во раните утрински часови, јави РТС.

OhridNews