На 12 Март во Прњавор Босна и Херцеговина се одржа 14-от по ред Меѓународен ТЕАКВОНДО ИТФ турнир на кој учествуваа 34 клубови од 11 земји (Македонија, БиХ, Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, Унгарија, Словенија, Австрија , Албанија, Романија). На овој турнир зеде учество и “Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, предводен од Марјанчо Лазаревски црн IV појас дан (поранешен светски вицешампион Прага ’96) и Зоран Донев црн I појас дан.
Во многу тешка конкуренција нашите натпреварувачи и овој пат не претставија успешно и не направија да се чувствуваме горди како Македонци, со што покрај лошите судиски одлуки освоија 8 медали, 1 златен, 2 сребрен и 5 бронзени медали.
Елена Јанеска на која и е ова 3 натпревар, по трет пат се искачи највисоко на пиедесталот со што покажува дека е доминатна во својата категорија спаринг девојчиња -40 кг до 10 години.
Додека нејзиниот брат Антонио Јанески во финале беше оштетен од страна на судиите и го освои второто место во категорија спаринг деца 10-14 години -45 кг.
Миле Климоски за малку не ја потврди својата доминација во форми 5-6 куп, во финале ја згреши еден елемент со што не успеа да стигне на првото место и сега се задоволи само со сребрен медал.
Истотака одлично се претставија браќата Марио Крстески и Давид Крстески кои се бореа во категорија спаринг деца -30 кг, во огромна коокуренција стигнаа до полуфинале и беа двајцата оштетени од старна на судиите,додека сите очекуваа финале на двајца браќа.
Марио крстески истотака беше пофален од многу тренери и судии поради неговата атрактивност што ја покажа во првиот круг елиминации, а неговиот брат Давид Крстески беше пофален како многу стабилен и борец со одлична техника.
Александар Јованоски кој е кандидат да не претставува на светското првенството во Италија почеток на септември, во форми го освои третото место, кој мораме да напоменеме дека беше оштетен и на тоа реагираа повеќето тренери, сите очекуваа злато од негова старана додека во спаринг беше елиминиран втор круг од домашниот претставник во негова категорија -63 кг јуниори иако покажа одлична храброст и атрактивна техника, при што беше повторно оштетен. Јане Димов истотака освои трето место во форми за 7-8 куп, при што докажа дека е перспективен натпреварувач.
Давид Велковски исто така освои 3 место форми 5-6 куп во категорија деца 10-14 години, кој истотака беше видно оштетен од судиите Хриситјан Митрески во елиманации беше оштетен во форми, додека во спаринг за малку не се избори за медал во својата категорија. Jана Спасеска на која и е ова прв натпревар натпреваруваше во форми, и беше елиминирана уште во првиот круг.
OhridNews