Рускиот тајкун Роман Абрамович е спремен да потроши дури осум милиони долари за свадбата на својата ќерка Ана. Точниот датум за свадбата со рускиот правник Никола Лазарев сеуште не е познат, но се знае дека ќе се одржи на карипскиот остров Свети Бартоломеј. Освен поп исклучителните природни убавини овој остров е познат и по својата непристапност за папараците и останатите несакани гости, бидејќи околу него е забрането повеќе во должина од еден километар од брегот.


Абрамович не бил воодушевен со оваа венчавка, бидејќи сметал дека Ана, едно од петте деца кои ги има со сопругата Ирина, е премногу млада за брак. Во почетокот прво инсистирал таа да ги заврши студиите, но таа сепак успеала да го омекне таткото и да измами негова поддршка.