МВР поднесе 8 кривични пријави против навивачи на Вардар, за инцидентот што вчера се случи во Нерези. Комитите се товарат дека извршиле кривично дело насилство.

Како што е познато вчера околу 15 часот на пат кон стадионот во Ѓорче Петров, на натпреварот Македонија-Вардар, комитите се судриле со локалното население во Нерези. При тоа повредени биле жители на населбата, а искршени биле и повеќе автомобили.

Подоцна жителите на нерези потпомогнати од непознати лица го блокираа мостот „Обединети нации“ каде дојде до нова пресметка со комитите. При тоа настрада и случаен минувач, кој бил претепан од непознати лица кои со две комбиња им дошле на помош на локалното албанско население.

Ситуацијата под контрола ја стави полицијата со помош на политичарите.

И додека локалното население за инцидентот ги обвинија комитите, од навивачката група тврдат дека тие биле испровоцирани и нападнати од жителите на Нерези на што возвратиле.

Ohridnews