На подрачјето на СВР Охрид, изминатиот викенд евидентирани се едно кривично дело „тешка кражба“, седум дела „кражба“, едно кривично дело “загрозување на сигурноста“, едно кривично дело „измама“, две дела „оштетување“, три нарушувања на јавниот ред и мир и четири сообраќајни незгоди со предизвикана материјална штета.
На станичното подрачје на полициската станица Струга, случени се пет кривични дела „тешка кражба“, четири „оштетувања“, едно нарушување на јавниот ред и мир и четири сообраќајни незгоди со предизвикана материјална штета.
На подрачјето на полициската станица Кичево, регистрирани се едно кривично дело „измама“, едно кривично дело „тешка кражба“ и еден случај на омаловажување на униформиран полициски службеник.
На станичното подрачје на полициската станица Дебар, евидентирани се два случаи на „оштетување“, соопшти СВР Охрид.