Осумгодишна казна затвор од судот во Брно доби лицето Радим Зондра кој со нож ја нападна тенисерката Петра Квитова во нејзиниот дом пред три години.

Квитова, претрпе сериозни повреди на левата рака со која игра тенис. Лекарите не и даваа шанса и надеж дека повторно ќе игра тенис, но силната Чехиња преброди се и се врати на Вимболдон и успеа да стигне до финалето.

33-годишниот Зондра во домот на Квитова влегол откако и преставил како мајстор за поправка на бојлерите во зградата. Моментално, Зондра излежува друга затворска казна и неколку пати е обвинува за тешки кражби, но никогаш не нападнал лице.

OhridNews