Еден американец бил осуден на осум години затвор затоа што од една продавница изнел парче сирење сокриено во  ногавицата од пантолоните.


За осудениот, според строгата казнена политика која се применува во Калифорнија, обвинителот најпрвин барал доживотна казна затвор. Тој вкупно бил осудуван 13 пати, а 22 од последниве 27 години ги поминал во затвор. Колку за информација, сирењето кое го украл чинело само 4 долари.