Осум лица загинаа, меѓу кои едно седумгодишно дете, а 44 се повредени, кога автобус со кој се превезувале туристи од Чешка се превртил  на автопатот Загреб-Сплит кај тунелот Крпани, јавија хрватските медиуми. Осуммина од повредените се во критична состојба.


Несреќата се случила околу 3.50 часот. Автобусот ја пробил оградата на средината на автопатот, преминал на спротивната лента и се превртел, соопшти хрватската полиција
Повредените биле згрижени во општата болница во Госпиќ, а најтешко повредите биле префрлени со хеликоптер во Загреб.

Автопатот е затворен во двата правци, а причините за несреќата се истражуваат. Според неслужбени информации, до несреќата дошло поради замор на возачот.

OhridNews
фото: „Index.hr“