Германецот Петер К. во 2007 година бил осуден на пет години затвор поради грабеж на банка. Нему во затворот најмногу му недостасува мачката Жисел. Петер е будист и верува дека мачката е реинкарнација на неговата истоимена мајка.


Рекол дека мачката го пронашла него и го гледала нежно исто како и неговата мајка. Поради тоа барал дозвола од судот мачката да го посетува во затворот. Судот му го одбил барањето бидејќи не им покажал докази дека мачката е реинкарнација на неговата мајка.