Чехот Алберт Жировнички кој издржува казна од 16 години затвор поради убиство, бара од Чешката држава оштета од 400 илјади евра затоа што наводно долгорочно е изложен на пасивно пушење во затворот кој не ги штити непушачите. Судовите од понизок ранг ја одбиле неговата тужба која сега ја разгледува уставниот суд.


Жировнички е уверен дека во текот на издржувањето на казната се спречени неговите основни човекови права, како што е здравјето бидејќи мора да вдишува канцироген чад од цигарите на затворениците.