Судот во Флорида го осудил Силвестер Џилс на 15 години затвор поради тоа што ја прекршил условната казна кога се обидел да се врати во затворот од кој бил ослободен една седмица претходно. Тој се обидел да се качи на оградата од затворот, висока 3,5 метри, но бил фатен и хоспитализиран поради исекотините кои ги добил од бодликавата жица.
Џилс пред инцидентот бил ослободен од затворот, каде служел казна за убиство, затоа што прифатил една спогодба. Тој се обидел да се врати во затворот затоа што се плашел од крвна одмазда од страна на семејството чиј член убил.