Еден американец од Висконсин, кому му е судено поради сообраќаен прекршок, го избегнал одењето во затвор бидејќи судијата му наредил да стои со табла околу вратот на која пишува „Бев глупав“.
Шејн Мекилан возејќи пијан излетал од патот и удрил објект на кој му направил мала штета, но поминал со полесни повреди.
Кога полицијата стигнала на лице место им рекол дека бил доволно глупав да го направи тоа што го направил.
Судијата Пол Ленс го прогласил виновен и потоа му дал да избира дали ќе оди во затвор или ќе стои на местото каде што го направил прекршокот со таблата.
„Бидејќи е точно дека бев глупав, прифаќам да стојам таму со тој натпис. Тоа, во секој случај, е подобро од затвор“, рекол Мекилан.