Девојка на полицијата во Синсинати (САД) и рекла дека слушнала некаква бука и почувствувала нешто ладно на нозете. Полицијата изјавила дека еден маж доползил под масата во библиотеката на универзитетот во Синсинати и ја испрскал со солена вода по нозете девојката.
Двајт Панел (43) судот го казнил со 50 000 евра поради воајеризам, напад и криминалитет. На суд Панел молчел, а неговиот адвокат не се сложил со пресудата, тврдејќи дека е премногу сурова. Неименуваната девојка со водени нозе на полицијата и рекла дека се преплашила кога го видела мажот на колена со шприц во рацете.