Медиумските работници и здруженија го осудуваат нападот на новинарската екипа на Ал Џезеира што се случи на протестот во Скопје, организиран од политичката партија ВМРО – ДПМНЕ.
На протестот од страна на непознато лице, новинарката Милка Смилевска и снимателот Јорде Ангеловиќ од медиумот Ал Џaзира биле нападните и попречени во вршење на своите професионални новинарски задачи. Според видеата и изјавите на новинарката во врска со инцидентот, откако прашалo од кој медиум непознатотo лице имало физички контакт со нив по што го турнало микрофонот на новинарката.
Ваквиот однос кон новинарите кои се на работна задача на терен е неприфатлив и потребно е да биде строго казнет од страна на Министерството за внатрешни работи затоа што насилството кон новинарите не е дозволив во демократски земји. Доколку ваквите инциденти се толерираат во иднина има ризик да се охрабрат нови посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување како и правото на информирање на граѓаните. – се вели во заедничката реакција, на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), исто така, го осудува нападот кон новинарската екипа на Ал Џезеира.
Новинарката Милка Смилевска и снимателот Јорде Ангеловиќ се нападнати додека ги извршувале своите професионални обврски, што е незамисливо во една демократија. Толеранцијата на вакви напади и спречувањето на медиумските работници да си ја вршат својата работа носи ризик тие да се повторат и да се засилат, со што не се загрозува само безбедноста на колегите, туку и елементарното право на граѓаните да бидат вистински информирани. Затоа бараме од институциите итно расветлување на инцидентот и одговорност за напаѓачите, а од партиите поголема одговорност во спречувањето на говорот на омраза и делата што произлегуваат од него. – стои во реакцијата на СЕММ.
OhridNews