Нападите врз новинари во Македонија зачестија. Последниот се случи вчера кога беше опожарено возилото на новинарот Бранко Тричкоски, инаку жесток критичар на власта.
Здружението на новинарите на Македонија најостро го осудува палењето на возилото на новинарот Бранко Тричковски и бара надлежните државни институции веднаш да ги најдат сторителите и најостро да ги казнат.
„Уништување на имотот на новинарот Тричковски има за цел да внесе страв и несигурност меѓу новинарите. Овој вандалски чин насочен кон колегата Тричковски е продожување на политиката на неказнување на насилстовото против новинарите.
ЗНМ од 2011 година до сега регистрираше 17 инциденти во кој новинарите се жртви и досега ниеден од нив нема судска разрешница.
Ова несанкционирање само ги охрабрува напаѓачите да продолжат со ваквото однесување и надлежните институции ги става во улога на соучесник.
Дали е потребно да се загрози животот на некој новинар, надлежните институции сериозно да ги сфатат овие закани. Во Македонија слободата на изразување е загарантирана со Устав а надлежните институции се должни да го заштитат ова право.“- се вели во соопштението на ЗНМ.
OhridNews