Во рамки на одбележувањето на празникот Св. Климент Охридски, Денот на Патронот на Охрид, вчеравечер во Центарот за култура, охридската гимназија одржа свечена приредба.


Пред бројните присутни гости се обрати директорот на ОСУ Св. Климент Охридски, Наум Рилкоски.

Кроткоста и смиреноста на Свети Климент Охридски оставиле печат врз сите генерации кои опстојувале на овие простори. Поучувајќи, дека тоа се доблести кои допринесуваат да се опстои како индивидуа и народ. Минуваат времиња и генерации, но делата на нашиот Патрон траат. Ние, неговите следбеници, горди сме што ги чествуваме неговите мисли и дела, истакна Рилкоски.

Свеченоста беше збогатена со културно уметничка програма и настап на учениците при ОСУ Св. Климент Охридски.
Беа доделени и наградите од конкурсот за најдобри литературни, музички и ликовни творби.

OhridNews