Oстровите Голем и Мал Диомед во Беринговиот Проток се оддалечени само 3,8 километри, но и со „речиси цел ден“ разлика – поради различните временски зони во кои се наоѓаат.
Имено, Големиот Диомед којшто ѝ припаѓа на Русија и Малиот Диомед (САД) се разделени со Меѓународната линија за датуми. Така, разликата меѓу двата острова е 20 или 21 час, во зависност од годишното време… Поради овој необичен временски јаз, тие го добија и прекарот „островите вчера и утре“.
Меѓународната линија за датуми е замислена линија што минува низ Тихиот Океан, којашто претставува границата за тоа – каде завршува еден ден, а каде почнува друг.
Во зимските месеци на северната хемисфера речиси е можно да се стигне и пеш од едниот до другиот остров, додека морето е замрзнато.
Островите го добиле името по Свети Диомед, кој живеел во 3. и 4. век н.е., а биле откриени од данско-рускиот морепловец Витус Беринг, кој пак, му го дал своето име на Беринговиот Теснец, откриен на 16 август 1728 година. Токму 16 август е денот во рускиот православен календар кога се слави Свети Диомед.
Занимливо, во август 1987 година, американската пливачка Лин Кокс ги преплива студените води во својот смел подвиг. Иако растојанието е 3,8 километри, на кој било пливач му треба сериозна храброст и издржливост за овој потфат.
Големиот Диомед не нуди премногу причини за посета, бидејќи никој не живее на него. На соседниот Мал Диомед, пак, живеат 110 луѓе, според последните податоци.
OhridNews