Армија мачки го запоседнале оддалечениот јапонски остров Аошима, кој сега е познат под називот Остров на мачките. Бројот на локалните жители драстично се намалил откако повеќето млади се одселиле во потрага за работа, па односот на животни и луѓе изнесува шест спрема еден. На кучињата им е забранет влез на територијата на островот Аошима, а веќе при првиот поглед на фотографиите, јасно е зошто.
Мачките го зазеле секој квадратен метар од територијата. Шетаат по улиците и спијат во напуштените куќи. На островот долг 1600 метри доведени се како би се избориле со глувците кои ги запоседнале рибарските чамци. Кога ги истребиле глувците, почнале да се множат, толку многу што тоа станало проблематично. Туристите, меѓутоа, не се жалат, а посебно оние кои сакаат мачки. Иако на островот нема ресторан ноту продавница, голем број посетители доаѓаат во овој дел од светот како би го виделел феноменот.