За Окинава велат дека е најздравото место на светот, а очекуваниот животен век за жените на овој остров е 86 години, додека за мажите 78. Тие не само што живеат долго, туку и здраво, а што е најважно, живеат среќно. Добар пример за тоа е Сеикичи Уехара, 96-годишен мајстор за боречки вештини, кој неодамна во борба го поразил 22-годишниот поранешен првак во бокс.
Жителите на овој остров велат дека здравата исхрана и здравиот став кон животот се причините за нивната долговечност, здравјето и среќата. Како што велат и самите, стресот за нив е нешто непознато. Еден 88-годишен фармер, кој и ден денес работел по 11 часа во полето, рекол дека речиси никогаш не се лутел и дека уживал во животот бидејќи го сакал она што го работел.