Најчестото оправдување на сопствениците за непочитувањето на ваквата законска обврска е дека нивниот домашен миленик не ја поднесува маската. Докторите по ветеринарна медицина причината ја гледаат во тоа што сопствениците не ги навикнуваат кучињата од мала возраст да ги носат, а кога тие ќе пораснат на возраст од година или две, за нив маската претставуваа страно тело. Ветеринарите со совет до сопствениците- на два или три месеци старост на кучето, да почнат да му ставаат маска со цел да му создадат навика.
Инаку, според Законот за ветеринарно здравство, комуналните инспектори се надлежни на сопствениците кои не ги почитуваат законските одредби, да им земат лични податоци и да поднесат прекршочна пријава која потоа се проследува до судот. За овој прекршок предвидени се парични казни и до 25. 000 денари.