После квалификациите за ГН Бахреин, Макс Верстапен беше многу лут на Фелипе Маса, од причина што сметаше дека бразилецот му ја уништи припремата за најбрзиот круг. Нешто покасно прашан дали планира да разговара за тоа со визачот на Вилијамс, Макс изјави: „Па тој е бразилец. Така да нема што да разговарам со него“.
Заради оваа изјава Верстапен се најде на удар на јавноста во Бразил, а Маса откако ја слушна изјавата одлучи да разговара пред старот на патеката “Шакир“: “Му реков да внимава што изјавува за бразилците, зато што го чека ГН на Бразил при крајот на сезоната и дека ќе треба и таму да вози. Генерално немаше потреба да спомнува бразилци, ако не знае за што зборува“ изјави Маса.
Маса исто така беше изненаден на критиките на Макс од причина што мисли дека ништо лошо и непрописно не направил:
– Незнам зошто толкава галама кога се беше коректно од моја страна. Можеби бараше оправдување затоа што не го победи клубскиот колега. Затоа му реов: Истото ова се случи помеѓу мене и Хулкенберг ( Рено ) и дали ти слушна некој да се жали? Пред да го започнете кругот мора да бидете во најдобрата можната позиција. А ако во тоа не успеете то е само ваша вина. Ничива друга. Ваша. – додаде Маса.
Дали ваквите непромислени изјави на младиот Верстапен ќе се одразат на односите помеѓу него и ветеранот во F1 останува да се види на 30 април кога е следната трка како ГН на Русија.
OhridNews