Ресторанот „Остериа Франческана“ од Модена во Италија е прогласен на свечената церемонија во Њујорк за најдобар во Европа и во светот за оваа година.
Овој престижен ресторан две години го заземаше високото второ место, а одлуката за водечката позиција едногласно е донесена од над илјада кулинарски експерти од целиот свет.
Станува збор за ресторан во Модена и според зборовите на експертите тој е вистинско засолниште за кулинарската креативност, вештина, страст и одлучност. Ресторанот во 2015 година прослави 20 години од отворањето.
Второто место на овој престижен избор му припадна на расторанот „Ел Келер де Кан Роса“ во Шпанија, а потоа следат „Илевн Медисон Парк“ од Њујорк, „Централ“ од Перу и познатата данска „Нома“ кој е рангиран на високото петто место.
OhridNews
Извор:„МИА’