Британецот Питер Мекшејн (84) направил лажна бомба и ја оставил пред стоматолошката ординација минатиот месец како освета бидејќи стоматологот му наплатил премногу пред повеќе од две години. Ставил будилник, неколку жици и цигла во кутија која ја оставил пред ординацијата.
Еден минувач ја известил полицијата која ја евакуирала целата зграда. Неколку пати му ставил лепило во бравата и му ги крадел огласните плочи. Меѓутоа со бомбата претерал. Иако стоматологот на крајот му ги вратил парите, старецот продолжил со нападите. Неговиот адвокат изјавил дека старецот сакал само да го исплаши стоматологот.