На телевизиската кула во Берлин почнаа да се поставуваат љубовни пораки на висина од околу 150 метри. Телекомуникациската компанија Дојче Телеком собрала пораки преку корисниците на интернетската страница и ги одбрала најдобрите кои ќе ја красат кулата.
На една од пораките пишува “Свен, те сакам! Ти си најубавото нешто што ми се случило и никогаш нема да те пуштам да си одиш. Твоја Никол”. До крајот на месецот би требало да се постават сите пораки кои ќе останат на кулата неколку месеци.