Во сенегалските територијални води пронајдени биле остатоци, кои можеби се од авионот на Ер Франс, кој исчезна вчера на пат од Рио де Женеиро до Париз, јавија бразилските медиуми.

Властите на Сенегал ги информирале бразилските воено-воздухопловни сили дека во територијалните води на Сенегал се пронајдени остатоци од воздухоплов, но официјално не е потврдено дали тие му припаѓаат на „Ербасот А330-200“, кој превезуваше 228 патници и членови на екипажот.

Бразилските медиуми јавуваат дека пилот на бразилска авиокомпанија тврди дека во Атлантскиот океан видел делови од авион, кои горат. Пилотот здогледал „портокалови остатоци“ во океанот, на околу 1.300 километри од островот Фернандо де Нороња, кој се наоѓа на околу 350 километри од бразилското крајбрежје.

Француските власти изразија жалење за несреќата која најверојатно ја предизвикал удар од гром. Според нив шансите некој од патниците и членови на екипажот да ја преживеал катастрофата се речиси никакви.

Ohridnews