Во општина Охрид или ништо не се работи или се работи само поради лични интереси, велат од општинската ВМРО- ДПМНЕ.


 
Според нив, доказ за тоа е  што „некое другарче“ го сквернави просторот на градскиот плоштад со некакви билборди , а за тоа градоначалникот изјавува дека билбордот го поставува скопска фирма на која не и го знаел името, а не знаел и кој е изведувач на работите.  Од ВМРО- ДПМНЕ прашуваат кој го нагрдува Охрид и за чии интереси.


При тоа потенцираат дека Охрид не е ничиј пашалук за некој вака да се однесува спрема него.

OhridNews