Ремито на Србија и Германија не им дозволи на светските прваци да се одлепат на табелата, додека победата на светскиот вицепрвак Полска над европскиот првак Данска дополнително ги заплетка работите во нашата втора група.
Вечерва Македонија заедно со 4.000 грла во салата “Крешимир Чосиќ“во Задар ќе се истопори пред континенталниот првак Данска.
Натпреварот против Норвешка, треба да биде поука како да се игра против непредвидливите Данци.
Неопходна ќе биде помошта за Кире Лазаров – Македонски, од останатите соиграчи. Повеќе од потребени ни се расположен Мојсоски, храбар Миркуловски, искусен Алушевски, одлучен Темелков, стабилен Ѓорѓоноски како и сигурен Ангелов на голот.
Натпреварот Македонија – Данска се игра со почеток во 20.15 ч.
Напред Македонија ! !