Двајца тинејџери, кои паднале од покривот на една зграда во Ванкувер, висока седум ката, останале живи благодарение на ѓубрето кое било собрано пред зградата. Тие се качиле на покривот од зградата за да го гледаат традиционалниот огномет по повод канадскиот национален празник.


Тие невнимателно стапнале на олукот, кој се скршил, и паднале од зградата висока 25 метри. За нивна среќа паднале врз контејнерите кои биле полни со ѓубре, кое било спремно за рециклирање, наместо на улицата. И двајцата имале скршеници на екстремитетите, но нивните животи биле надвор од опасност.