Во еден британски бар девет дена биле затрупани седум лица откако снегот ја затрупал зградата. Снегот ги блокирал прозорците и вратата на барот, а во него останале двајца гости и пет вработени лица. Снегот паднал во толку големи количини, што сите возила во околината биле неподвижни. Заробените лица одлично се забавувале, играјќи игри, јадејќи и пиејќи.


За среќа имале храна и повеќе од потребното, а имале и доволно јаглен за греење. На катот над барот имало и соби за спиење, така што одлично се снашле. Успеале малку и да ја подотворат вратата, така да немале никакви проблеми за свеж воздух.