Откако и се заглавила бравата на тоалетот, една жена која има 69 години од Париз, останала заробена во истиот цели 20 дена. Живеела само на топла вода. Бидејќи просторијата во која била заробена немала ниту прозорец ниту телефон, единствен начин да побара помош било силно да удира по цевките во текот на ноќта.


Нејзините соседи мислеле дека нешто реновира во станот, па дури и потпишувале петиција да и забранат. Меѓутоа кога забележале дека подолго време никој не ја видел повикале пожарникари, кои подоцна ја пронашле на подот на тоалетот и ја спасиле.