Човек останал залепен за ВЦ шолјата откако некој на капакот ставил лепак. Од јавното ВЦ во Велика Британија, пожарникари морале да го изнесат надвор заедно со ВЦ-шолјата.

-Човекот вршеше нужда. Не можеше да стане. Најверојатно некој се пошегувал и ставил супер лепак на капакот – изјавил портпаролот на брзата помош.


Во болницата употребиле посебни хемикалии за да го одлепат.

-Покрај тоа што му е многу срам, се чувствува добро. Не знам дали повторно во животот ќе оди во јавно ВЦ.-вели портпаролот.