Зоран Танески (33), осомничен дека  го извршил бруталното убиство врз неговата сопруга Анита Танеска, по дводневна потера вчера околу 17.15 часот беше фатен во околината на Ново Село – охридско. Во акцијата што била спроведена по претходни оперативни сознанија, учествувала  посебната полициска единица и кучиња трагачи. Танески како што соопшти полицијата не пружил отпор при апсењето.


Тој синоќа беше спроведен во охридскиот затвор и изведен пред истражните органи. Полицијата, како што ни беше соопштено работи на утврдување на мотивите за убиството на Анита Танеска (24), со која осомничениот Зоран Танески бил во брак од кој имаат деветмесечно дете.

Танески се сомничи дека во саботата околу 3:45 часот на улицата „Лазо Трпоски“ во Охрид, со повеќе убоди од нож ја убил неговата сопруга со која неофицијално имале несогласувања во бракот поради што таа пред извесно време го напуштила. Веднаш по убиството Танески побегнал со својот автомобил БМВ кој го фрлил во провалија во атарот на селото Оровник. Оттаму тој пеш се упатил кон Ново Село каде вчера околу 17.15 часот е приведен од страна на полицијата.

Ohridnews