Припадникот на американската воздухопловна Национална гарда, обвинет за протекување доверливи документи на Пентагон, со месеци испраќал чувствителни информации до голема онлајн група, објави „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на онлајн објави во кои имал увид њујоршкиот весник.

Во февруари 2022 година, веднаш по рускиот напад врз Украина, корисник кој одговара на профилот на осомничениот Џек Тешеира (21) почнал да поставува на интернет чувствителни доверливи информации за руските воени напори, на чет групата за разговор на социјалната платформа Дискорд, во која имало 600 членови.

Оваа чет соба за разговор била лесно достапна и била прикажана на каналот јутјуб.

OhridNews