Истражен судија му одреди мерка притвор во траење до 30 дена на Живко Ангелески(34), осомничен дека го извршил монструозното убиство на неговиот брат Александар (31).

Против осомничениот СВР Охрид поднесе кривична пријава за убиство на суров начин. Делови од неговото тело пред два дена беа пронајдени од случаен минувач покрај патот кој води до селото Велестово.

Според првичните информации од истрагата убиството било извршено во семејната куќа. Александар бил усмртен со секира која како и други докази за грозоморното убиство, биле пронајдени од полицијата.

Под полициска истрага се и мајката и снаата на убиениот, и се утврдува евентуалната нивна поврзаност со случајот.

Полицијата имала сознанија за одредени недоразбирања кои ги имале двајцата браќа, но се уште точно не е утврден мотивот за убиството, кое го потресе Охрид.

Ohridnews