Според кривичната пријава, меѓу Нешковски и Спасов настанала вербална расправија, физички го нападнал по главата и телото, од што Нешковски добил крварење на мозокот и починал. Спасов, заедно со уште двајца колеги кои биле во близина, го однеле детето на паркингот пред МЕПСО, кога видел дека момчето не дава знаци на живот. Потоа викнале Брза помош, Спасов си заминал од местото, а останатите полицајци останале да ја чекаат Брзата помош, која по пристигнувањето само констатирала смрт кај момчето.
Од МВР велат дека дополнително ќе се испита одговорноста на полициските службеници кои што не го пријавиле случајот.
Според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, случајот не е политички и според неа нема потреба да се бара политичка одговорност.
извор: Makfaks