Властите во Калифорнија соопштиле дека маж осомничен за грабеж бил уапсен кога се појавил на тестирање за полицаец. Тие откриле дека Монтилјано (40) се пријавил за февруарскиот приемен испит во локалната полиција, кога и бил уапсен.


Претставникот на полицијата во местото Чула Виста навел дека го идентификувале Ромео Монтиљано како осомничен за грабеж во почетокот на декември минатата година.

Портпаролот на полицијата додал дека Монтилјано, додека го воделе во затвор, се распрашувал дали сепак ќе може да го полага испитот.