Вчера, околу 7 часот и 30 минути, во охридското село Лешани, службите при СВР- Охрид при постапување по Наредба од Основниот суд за приведување на Љ.Н. (38), кој се барал за истрага во врска со кривично дела „телесна повреда„ , истиот почнал да ја навредува и омаловажува судијката, воедно упатувајќи и закани по нејзиниот живот.
Од страна на полициската екипа Љ.Н. бил предупреден, по што истиот држејќи во рака секира упатил закани и по нивниот животот.
Полициските службеници го привеле лицето при што му била одземена секирата и една дрвена летва.
Од страна на СВР- Охрид против Љ.Н. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.