Сообраќајно воспитна акција се одржува денеска во ОУ „Григор Прличев“. Со цел да се зголеми безбедноста на децата сообраќајната полиција од Охрид во соработка со општинскиот и државниот совет за безбедност во сообраќајот, денеска во ОУ Григор Прличев спроведува воспитна акција. На учениците од прво до четврто одделение  ќе им бидат делени флаери со едукативна содржина, а во склоп на активностите ќе бидат одржани и типизирани предавања. Акцијата која се совпаѓа со почетокот на школската година ќе продолжи во текот на целиот месец, а со неа ќе бидат опфатени сите основни училишта во градот.


Основците вежбаат безбедност во сообраќајот

ohridnews