Во организација на општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот, вчера во хотелот Ривиера се организира општинскиот квиз натпревар за учениците од основните училишта, од областа на сообраќајот и сообраќајната култура.
 
Со оглед на тоа што сообраќајот и сообраќајната култура се суштински дел од нашиот живот, овие квиз натпревари се можност за ширење на знаењата од ова значајна област и континуирана програмска соработка помеѓу училиштата и општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот.


Победниците од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

Од страна на сите екипи беше покажано одлично познавање на оваа област, но сепак најголемо знаење покажа екипата на Основното Училиште “Живко Чинго” од Велгошти, која беше официјален победник на квиз-натпреварот. Победничката екипа се стекна со правото да ја претставува општина Охрид на Регионалниот квиз-натпревар кој ќе се оддржи во средината на месец декември.

За победниците од страна на општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот беа обезбедени награди и признанија.

ohridnews