Ученици од шесто одделение , при ОУ „ Св. Климент Охридски“ ,  во рамки на наставната програма по предметот Природни науки и техника, заедно со  наставничката Нине Симоновска, ја  посетија фабриката „ Лихнида“ каде имаа можност да се запознаат со процесот на производство на пластични производи.

Учениците го посетија погонот, запознавајќи се со процесот на производство, суровините од кои се прават пластичните производи како и со целокупниот асортиман на производи.

OhridNews