Во рамки на серијата редовни посети, како дел од училишните проектни активности, денес во посета на општина Охрид биле третоодделенците од ОУ „Св. Климент Охридски“.
Претседателката на Советот, Гордана Коњановска во својство на домаќин ги запознала младите охриѓанчиња со начинот на функционирањето на Локалната самоуправа.
Младите се запознале и со надлежностите на Градоначалникот и на останатите стручни служби, а посетата ја заокружиле со обиколка низ општинската зграда во која биле опфатени кабинетот на градоначалникот како и просториите на другите служби.
OhridNews