Во рамки на наставната програма по предметот опшество, учениците од четврто и петто одделение од ОУ „ Дебрца“ заедно со своите наставници денес ја посетија локалната самоуправа.
Целта на посетата беше запознавање на учениците со функционирањето на општината. Учениците ја искористија можноста да го посетат кабинетот на градоначалникот Игор Трајкоски и да постават прашања поврзани со функционирањето на локалната самоуправа.За нив интересно беше да слушнат кои се активностите и работата на градоначалникот, на Советот и на службите кои функционираат во сотав на општина Дебрца.
OhridNews