Основците од од ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид во придружба на родителите и наставниците ден пред нова година на градскиот плоштад реализираа голема хуманитарна акција насловена како “Милион срца – една молитва”.
Собраните средства ќе бидат донирани за изградба на манастирот Свето Преображение во Крушево кој започна да го гради Тоше Проески.
Резултатите од акцијата која наиде на голем интерес кај охриѓани и туристите ќе бидат соопштени на прес конференција што денеска ќе се одржи во просториите на училиштето.
ohridnews