Во основното училиште „ Григор Прличев“, во организација на Гете-Институт Скопје, се одржа работилница на германски јазиик на тема „ Нови медиуми, подвижност и уметност“ раководена од референтот, уметник и педагог, Карстен Гале од Германија.
– Темата на работилницата е создавање музика преку современата технологија. Карстен Гале со учениците од 8 и 9 одделение создаваше музика со помош на смартфони, I- pad , компјутери и ги мотивираше учениците да творат текстови за песни на германски јазик, информираат од училиштето.
Целта на оваа работилница е да се покаже дека со помош на овие електронски апарати може да се создаваат многу интересни дела и творби, учениците разумно и продуктивно да ги користат истите, а не само за користење на социјалните мрежи.
OhridNews