Екипата на на ОУ „Григор Прличев“ е победник на 38-от Oпштински натпревар по прва помош, што се одржа на градскиот кеј. Во конкуренција на 110 ученици, од петнаесет основни и средни училишта од Охрид и Дебрца, победниците покажаа најдобри вештини и знаења по прва помош.
Второто место го освои екипата на ОУ „Кочо Рацин“ од с. Лакочереј, а третото екипата на ОУ „Св. Климент Охридски“.
Во категоријата младина првото место го освои екипата на ОСУ „Св. Климент Охридски“- втора екипа, која ќе учествува на државниот натпревар по прва помош на 20 јуни, второто место го освои екипата на ЕМУЦ „Св Наум Охридски“, а третото место првата екипа на ОСУ „Св Климент Охридски“ – Гимназија.
Основците од „Григор Прличев“
победници на општинскиот натпревар по прва помош