Ученичките Евгенија Матеска и Миа Лотеска од VII /б  одделение во ОУ „Григор Прличев“ со својот проект „Загадувањето на Велгошка река со фосфати и нејзина заштита“, ја освоија првата награда на  меѓуучилишниот натпревар по екологија што го организираше реномираниот приватен образовен центар  „Јахја Кемал“ од Струга.


Учениците на Основното училиште „Григор
Прличев“ од Охрид, покрај своите редовни училишни обврски и успеси
потврдени на разни регионални и републички натпревари по разни
предмети, покажаваат континуирана и активна вклученост во реализацијата
на повеќе проекти од областа на екологијата.
Позната и забележителна активност во
подигањето на јавната свест за здрава животна средина беше вклученоста
на учениците од ова училиште во проектот „Зелено училиште“  во
соработка со УСАИД, Општината и ЈП „Охридски комуналец“.

Ohridnews