Веб страницата e-ucebnici.mk е новата електронска библиотека, во која во дигитална форма се објавени околу 60  учебници од основно образование. Ова е дел од новиот проект на Министерството за информатичко општество и Министерството за образование, кој беше презентиран вчера.

Електронските публикации може да се пребаруваат по одделенија, наслови или по автори. Истите ќе им овозможуваат на учениците во секој момент и од секое место да ги совладаат наставните содржини на иновативен и интересен начин, а наставниците со помош на информатичката технологија нив да ги подготвуваат и презентираат. 

– Новиот проект е во функција на подобрување на образовниот систем во Македонија и учениците на помодерен и пософистициран начин да ја изучуваат материјата. На веб-страница се објавени сите учебници кои во моментов Министерството за образование и наука ги имаше  во електроnски формат, но фондот на истите континуирано ќе се дополнува.-рече министерот за информатичко општество Иво Ивановски, на вчерашната презентација на веб-порталот.

Електронските учебници нема во целост да ги заменат печатените учебници, но според Министерството за образование, могу е важно тие да се достапни и во електронска форма, затоа што тоа е само можност повеќе за поквалитетен начин на учење.

OhridNews