Со општинскиот натпревар во атлетика започна одбележувањето на неделата на атлетиката која ќе кулминира со оджувањето на меѓународниот атлески митинг “Охрид 2010“.
На општинскотото учество зедоа околу 100 ученици од основните училиште кои се натрпреваруваа во пет дисциплини во машка и женска конкуренција. 60 метри, 300 метри, скок во далечина и фрлање ѓуле, како и штафета 4 Х 100 метри.
–
Очекувам преку организацијата на ваквите натпревари да ја приближиме “кралицата на спортовите“ поблиску до најмладите. Најдобрите осум ќе бидат наградени со учество на митингот во среда – истакна Гоце Тасески од сојузот на училишен спорт кој беше оргазнизатор на натпреварот.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com